Наредните три месеци ново анкетирање на невработените лица во Македонија

 

Во наредните три месеци министерството за труд и социјала ќе врши ново анкетирање и ажурирање на лицата кои се се изјаснуваат како невработени. Со тоа, невработените лица ќе можат да се изјаснат како активни невработени односно лица кои бараат работа и посредување на Агенцијата при вработување и учество во активните мерки за вработување, или пасивни кои не бараат нејзино посредништво, ниту учество активни мерки за вработување. 

На последното спроведено анкетирање од вкупно 215 илјади невработени, само 92.100 лица се изјасниле дека активно бараат работа, додека останатите се изјасниле како пасивно невработени лица.

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов истакна дека второто анкетирање се прави за да се исправат некои неправилности од првото.

- Нашите очекувања се до крајот на годината да имаме конкретни податоци за тоа колку реално невработени лица бараат вработување и посредување при вработување. Но, и зошто во услови на голема невработеност да се случува приватниот сектор тешко да доаѓа до профилот на работници кој му е потребен, рече Спасов.

Министерот истакнува дека евиденцијата која ќе се добие ќе биде искористена во насока на спроведување на натамошни конкретни мерки и проекти за поддршка на невработените лица.

- Сето ова со цел со еден нов систем на посредување и нудење на слободни работни места, навремено и моментално информирање за сите отворени работни места, но и поддршка за остручување и подобрување на нивните вештини и директни мерки за вработување, додаде министерот за труд и социјална политика.

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски истакна дека податоците кои ги собрале во првото ажурирање биле нецелосни или неточни, особено во делот на живеалиштето и телефон кој би можел да биде контакт за посредување при работа.

 

25.09.2013 - 13:15
Фото: 
економски.мк

најчитано сега