Мицкоски: Како кукавици тепаа 60 годишен човек зошто ја критикуваше власта

 

Сакам да им порачам на оние тројца јунаци, со маски, кои пред некој ден нападнаа недолжен човек пред неговиот дом само затоа што неколку дена претходно ги критикувал Зоран и Вице Заев, „Знаеме кои сте“, нагласи Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протестен марш кој партијата го организира во Штип.

-Ќе дојде денот кога ќе ги извадите маските, ќе плачете и молите за тој грев што сте го сториле. Ние ќе ви простиме, но дали човекот кој има тешки телесни повреди ќе ви прости. Кукавици едни, срам  да ви е. Тројца со маски,60 годишен човек нападнаа. Тоа ли се битангите кои треба правда и правдина да спроведуваат во оваа држава. Тоа се битангите кога ќе затаи „Рускоска обвинителството“ и „Кацарска судството“, ќе делат право и правдина. Ве знаеме кои сте. Овој народ тој напад нема да ви го прости, порача Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2018 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега