Хрватска ќе ги менува правилата за екстрадиција

 

Од хрватската влада и ветиа на ЕУ дека законот за екстрадиција ќе биде изменет до јануари следната година. Ова менување на законот за екстрадиција е под притисок на ЕУ, известуваат британските медиуми.

Како што изјави министерот за правда Орсат Милениќ кој се наоѓа во Брисел, сите нови закони треба да соодветствуваат на сите барања на ЕУ.

- Законот ќе влезе во сила што е можно побрзо, но најдоцна до 1 јануари 2014 година, изјави Милениќ. - Ние брзо ќе ги преземеме сите мерки со цел законот, безусловно, да го направиме соодветен со европскиот закон, додаде хрватскиот министер.

Ова итно менување на законот за екстрадиција доаѓа по заканата на Брисел дека ќе запре дел од финансиската помош за Хрватска.

Хрватската влада пред своето вклучување во ЕУ, на 1 јули ги смени правилата, ова менување беше сфатено како чекор што ефикасно ќе ги штити од екстрадирање и натамошно судско гонење обвиентите за воени злосторствата сторени за време на на деведесетите години.

25.09.2013 - 14:55

најчитано сега