ВИДЕО: Први проблеми во владината коалиција - ДУИ не сака да ги гласа законите на Влада

 

Ејуп Алими, пратеник од ДУИ на почетокот на собраниска седница побара пауза од еден час бидејќи пратеничкото мнозинство на СДСМ и ДУИ мора да ги усогласат текстовите и членовите на законите кои ги предлагаат заедно.

Со цел усогласување на неколку закони кои се поднесуваат заедно со Владата барам пауза од еден час додека ги усогласиме текстовите и членовите кои се спорни од пратениците и конкретно предлагачите на законите, побара Ејуп Алими пратеник од ДУИ.

Тој додаде дека ова се однесува на законот за управата за јавни приходи а како причина наведе дека законите мора прво да се усогласат со матичните закони.

Како што рече Алими, паузата ја бара бидејќи администрацијата на Владата не секогаш поднесува и испраќа професионални законски мислења.

Гледам дека од страна на администрацијата на Владата не секогаш ни се поднесуваат и испраќаат професионални и законски мислења, вели Алими.

Јас во мојата процедурална забелешка барав пауза во врска со оваа седница, но сепак ќе се надоврзам и на вашето објаснување. Реално од Владата која што ја имаме изгласано и формирано бараме правни и професионални, а не паушални мислења, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2018 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега