Уште една експлозија ја стресе Атина - подметната бомба во даночната служба

 

Експлозија ја потресе Атина. Бомба рано утринава експлодираше во седиштето на грчката даночната служба во атинскиот кварт Кифисија.

Експлозијата била најавена во телефонско јавување во редакцијата на еден грчки весник, една интернет страница и во полициската единица за брза интервенција, при што полицијата веднаш интервенирала околу зградата на даночната служба.

Експлозивната направа била поставена на влезот на зградата на даночната служба.

Се претпоставува дека експлозијата е дело на анархистички групи. За среќа во инцидентот нема повредени лица, а предизвикана е само материјална штета.

26.09.2013 - 09:10
Фото: 
Региони.мк

најчитано сега