СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се видновни за загадениот воздух

 

Погубните и криминални политики што цела деценија ги водеше ВМРО-ДПМНЕ преку кои го уништуваше зеленилото и животната средин, ја поскапе струјата за 100%, резултираа со енормно загадување кое и денес се чувствува.

ВМРО-ДПМНЕ и ја укина евтината тарифа на струјата и за 100 отсто ја покачи цената на електричната енергија и примора стотици илади граѓани да се префрлат на други нееколошки начини за загревање на домовите, што придонесе за зголемено загадување.

Христијан Мицкоски како лева рака на Груевски, директор на ЕЛЕМ и советник за енергетика е исто така одговорен за тоа.

Наспроти неодговорниот однос на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кон животната средина и здравјето на граѓаните, владата предводена од СДСМ и надлежните институции со голема сериозност му пристапија на проблемот со загадувањето и преку низа мерки работат на негово намалување.

Се реализира проектот за гасификација кој покрај помали сметки за граѓаните ќе придонесе и за значително помала загаденост. Во завршна фаза е 36 километарската делница на гасоводот Неготино-Штип. Интензивно се работи и на поврзување на магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци и Прилеп до Битола, во должина од 92 километри.

Проектот за гасификација дополнително ќе се интензивира во 2019 година за што во Буџетот се предвидени дури 1,1 милијарда денари повеќе отколку за 2018 година.

Град Скопје пристапи кон сериозна акција за зазеленување, Скопје доби нови 130 илјади квадратни метри зелена површина, што претставува рекорд за една календарска година.

Истовремено се преземаат низа мерки согласно Планот за чист воздух како засилени контроли на инспекциските служби, поставување на прочистувачи за воздух во градинки и училипта, расчистување на дивите депонии, набавка на еколошки автобуси, субвенции за набавка на хибридни и електрични возила, нови еколошки начини на загревање на училишта.

Владата предводна од СДСМ, општините, градот Скопје и сите надлежните институции продолжуваат со остварување на заложбите за поздрава животна средина и почист воздух за сите граѓани.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.12.2018 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега