Ѓорчев: Сметам дека не треба да има никакви дополнителни привилегии за пратениците
Апсолутно сметам дека не треба да има никакви дополнителни привилегии за пратениците, вели пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев. Според него, Македонија е земја каде што тешко се живее и која има многу поголеми проблеми за решавање.
„Македонија е земја каде што има многу проблеми. И како пратеници, како гарнитура имаме многу поважни прашања за решавање, има многу поголеми приоритети кои треба да бидат адресирани. Оваа тема излезе од желбата на власта, пратениците од мнозинството сакаа да донесат закон за повеќе привилегии, па кога излеза во јавнсот сега ретерираат, с еменуваат ставови. Се работи за нивна идеја и сметам дека корективот и оправданоста на јавноста, дека нема потреба да нема дополнителни привилегии направи да се корегираат“, вели Влатко Ѓорчев за ТВ 21.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа