Од минатата година во Грција регистирани 281 расно мотивирани напади
Од почетокот на минатата година па се до април месец оваа година, не престануваат расно мотивираните напади во Грција. Во период од 16 месеци се регистрирани вкупно 281 расно мотивирани напади во кои повеќе од 400 лица беа повредени, додека 4 за жал го загубија животот.
- Порастот на расистичкото насилство, неказнувањето на напаѓачите и нереагирањето од страна на државните органи, ги поткопуваат социјалната кохезија и основите на државноста, нагласи Спану при презентацијата на својот извештај за расно мотивираните инциденти пред пратениците во грчкиот Парламент.
Спану во обраќањето повика и на создавање на официјален регистар на лица инволвирани во активности со расистичка позадина.
26.09.2013 - 10:03
Фото:
Денешен