Стаменковска: Граѓаните на Гази Баба боледуваат од ларингитис поради загадениот воздух

 

Невенка Стаменковска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија, посочи дека не е задоволна од одговорот што го има поставено до Министерството за животна средина за мерната станица во Гази Баба.

Бидејќи во рамки на прашањето кое што го поставила барала дури и гаранција дека мерната станица во Гази Баба ќе биде поправена и во рамки на овој писмен одговор да добие гаранција кога мерната станица ќе биде поправена.

-Она што го добив како одговор, кој што стигна вчера е дека мерната станица во Битола сте ја поправиле, дека била некое време надвор од употреба и дека сте ја поправиле. Но гаранција ниту одговор кога мерната станица во Гази Баба конечно ќе профункционира нема, нагласи Стаменковска.

Стаменковска замоли да не и се одговора колку и како Министерството за животна средина работи на подобрување на воздухот, бидејќи и тоа не е напишано туку само со една реченица стои дека работат на подобрување на квалитетот на воздухот. Што, за неа, не е доволно.

-Кога мерната станица во Гази Баба ќе профункционира, побара одговор Стаменковска од министерството и посочи дека поради загадениот воздух, амбулантите во Гази Баба се полнат со граѓани кои боледуваат од ларингитис.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.12.2018 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега