ВМРО- ДПМНЕ: Мила Царовска заедно со Зоран Заев ја зацрнија државата.

 

По соопштението од СДСМ, дека владата предводена од СДСМ се заложува за развојот на децата и отвараат нови градинки, ВМРО- ДПМНЕ излезе со реакција на истото.

Од ВМРО - ДПМНЕ велат дека минатата година се случија низа силувања во домовите за деца, а одговорност од Царовска немаше.

„Поради неодговорноста на Царовска децата на домовите живеат во бедни услови со константен страв.По градинките има епидемии, малтретирање на децата од страна на несоодветни вработени со партиска книшка, а Царовска упорно молчи.Две години СДСМ нема преземено ништо во насока на заштита на жените од насилство. Наместо инвестирање во социјална грижа и спречување на насилството, власта инвестираше 1.6 милиони евра за лубриканти„ стои во нивната реакција

 

Од ВМРО- ДПМНЕ наведуваат дека црнилата на оваа власт се присутни во секој сегмент. Токму затоа СДСМ треба да си замине.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.01.2019 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега