Филмски вооружен грабеж на бензинска на „Макпетрол“
Ограбена бензинската пумпа на „Макпетрол“ на автопатот Скопје-Гевгелија.
Според досегашните информации, маскирани и вооружени разбојници утрово околу 3 часот влегле во бензинската, впериле пиштол кон 37 годишниот вработен Н.М. од Велес и од касата украле 85.000 денари. Откако си го земале пленот, арамиите избегале во непознат правец.
26.09.2013 - 12:21