„Со тоа од што паметниот се срами глупавиот се гордее“ - СПЦ против Парадата на гордоста во Белград

 

Српската православна црква е против одржувањето на „Парадата на гордоста“ во Белград. Ова денеска го изјави српскиот патријарх Иринеј за српската државна телевизија РТС.

Иринеј изјави дека на геј парадата гледа така „црно, што поцрно од тоа не може да биде“, а воедно и се обрати со остар тон кон сите хомосексуалци, со што го осуди обидот да се направи геј-парада во Белград.

 „Со тоа, од што паметниот се срами, глупавиот се гордее“, е коментарот на патријархот за оние кои сакаат да ја организираат оваа Парада на гордоста.

26.09.2013 - 13:16
Фото: 
Пулс24

најчитано сега