СИЗ Македонија сообраќај задоволни од најавените дозволи за еуро 6 стандарди

 

Вчера македонскиот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, најави дека од наредната година ќе бидат распределени  1.310 годишни ЦЕМТ дозволи за возила со еуро 5 категорија  и 84 за возила со еуро 6 категорија. Оваа најава ја израдува СИЗ Македонија сообраќај - АМЕРИТ која денеска ја одбележа 60 годишнината од постоењето.

Управителот на АМЕРИТ, Златко Кочовски денеска го поздрави ваквиот начин на распределба на дозволите: - Со ваквиот начин на распределба ќе добиеме повеќе дозволи, отколку да ги форсираме возилата со еуро 4. Со форсирањето на еуро 5 и еуро 6 ќе добиеме повеќе дозволи и можност повеќе нашите транспортери да одат во странство и да имаме девизни приливи, а со тоа да се стимулира и обновувањето на возниот парк на транспортерите, изјави Кочовски, одговарајќи на новинарско прашање.

За потсетување, аплицирањето за дозволите може да се направи на страницата www.dozvoli-mtc.gov.mk  од 10 до 15 октоври. 

26.09.2013 - 14:02
Фото: 
Фактор.мк

најчитано сега