Полнети мини мекици - евтин појадок или вечера од кој ќе мириса домот
Направете супер рецепт за вечера или појадок. Полнети мекици.
200 мл. млака вода
350 гр. брашно
малку квасец, сол и шеќер
150 гр. сирење
100 гр. шунка
малку кечап
Се меси тесто од млаката вода со квасец и сол и шеќер, со постепено додавање на брашното.
Се остава малку да отстои да нарасне и потоа се развлекува тестото, се сечат коцки и се става на секоја кечап, сечена шунка и ронето сирење.
Се затвара коцката добро и се пржи на врело масло.
09.01.2019 - 21:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа