Лажна порака се шири на Фејсбук - дали добивте вакво известување

 

Кај одредени Фејсбук корисници ширум светот почна да кружи порака во која тие се предупредуваат дека нивните фотографии, разговори и податоци ќе бидат изложени пред јавноста.

Од Фејсбук велат дека оваа информација е лажна и поради тоа веќе од утре ќе почне со испраќање предупредувањa кон корисниците за да ги извести за тоа.

Во лажната порака се наведува дека сите информации на корисниците, заедно со сите претходно објавени фотографии и разговори, ќе бидат изложени на јавноста и Фејсбук ќе почне да ги користи во корист на компанијата, без притоа да бара дозвола од корисниците.

Пораката се шири преку краток текст напишан со правнички речник, кој бара од корисниците да го копираат и објават на нивниот Фејсбук профил за да ја прошират информацијата за да ја видат што повеќе луѓе.

Неодамнешните случувања кои го засегаа ФБ и приватноста на оваа социјална мрежа направија корисниците полесно да ја „проголтаат“ лажната порака и да поверуваат дека компанијата ќе им ги искористи податоците без нивна дозвола. Дури и во случај да сакаат да се заштитат од политиките на работа на Фејсбук, корисниците можат тоа да го направат преку формална правна постапка, а не преку копирање и објавување на порака на нивниот профил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.01.2019 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега