Апсолутен хит: Леб без брашно - нешто највкусно што ќе пробате
Денес сите стравуваат од глутен, од дебелеење, дијабет и останати болести на 21 век. Оставете ги стравовите зад себе и направете леб кој не дебелее, а исто така е и вкусен. Брашно нема да ви биде потребно.
Намирници кои ви требаат:
4 јајца
100 милилитри вода
90 грама ореви
90 грама ленено семе
90 грама семки од сончоглед
90 грама сусам
90 грама семки од тиква
малку сол
пола лажица сода бикарбона
Изматете ги јајцата и додадете ги солта и содата, како и водата, а потоа измелете ги сите семки од кои ќе добиете брашно и замесете леб.
Печете 50 минути на 180 степени. Добар апетит!
10.01.2019 - 19:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа