Откажува срцето на Јованка Броз

 

Откако синоќа беше итно пренесена во болница, денеска здравствената состојба на вдовицата на Јосип Броз Тито, Јованка Броз уште повеќе се влошила.

Како што пренесува српскиот Курир, Јованка Броз денеска била приклучена на апарати за дишење. На вдовицата на Тито започнале да и откажуваат белите дробови и срцето, па е приклучена на апарати кои ја одржуваат во живот.

- Состојбата на Јованка се влошува. Започнаа да и откажуваат и виталните органи. Таа не е свесна и е приклучена на апарати за дишење, вели директорот на здравствената установа каде е примена за српскиот портал Курир.

Инаку, пред само неколку месеци исто така ненадејно се влоши здравствената состојба на Јованка Броз, при што и беше откриен рак на градите.

27.09.2013 - 09:55

најчитано сега