Мицкоски вечерва на дебата: За сите мои ставови, крахот во економијата, за името и изборите гледајте МТВ
МТВ денеска во 20.15 часот организира двочасовна дебата каде гостин ќе биде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоки со новинари од националните телевизиски медиуми.
-Со задоволство ја прифатив понудата на уредништвото на МТВ за телевизиска дебата, интервју со претставниците на националните телевизиски медиуми. Сметам дека транспарентноста и подготвеноста за дебатирање за најважните прашања, ќе им овозможи на граѓаните појасно да ги воочат и оценат состојбите, ставовите и предизвиците на нашата земја. За сите мои ставови, за крахот во економијата и разобличувањето на лажните ветувања од Владата, за името, двојазичноста, изборите, за НАТО и ЕУ и за сите други теми, Ве поканувам да гледате МТВ во понеделник во 20:15 часот, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Во минатото Христијан Мицкоски два пати го повикуваше премиерот Заев на дебата, тој во двата наврата одбиваше да дебатира со Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа