ВМРО- ДПМНЕ: Во СДСМ владее хаос и страв од соочување со народот
Од ВМРО- ДПМНЕ, преку соопштение велат дека СДСМ се плаши од предвремени парламентарни избори бидејќи за овие 2 ипол години ништо не направи.
„Доколку СДСМ има дилеми околу одлуката на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, нека ја поддржи и нека излезе на избори. Така Заев ќе спречи понатаму да се бламира портпаролот Костадинов повикувајќи се на дезинформации.
Вистината за СДСМ е болна и заради неа Заев бега од избори. Економијата стагнира, пензиите не растат, реформи во образование нема, а во здравство владее хаос.
Ветуваа плата од 500 евра, а граѓаните добија ветување дека Заев ќе носел железни опинци. Ветуваа 600 километри патишта, а не можат да ги завршат ниту започнатите од време не ВМРО-ДПМНЕ. Време е граѓаните да го тргнат црнилото, за да изгрее зора над Република Македонија.“ се вели во сопштение од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа