ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го укина македонскиот јазик и ја подели Македонија
ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат на обвинувањата на СДСМ.
СДСМ е загубена во времето и просторот, наместо да работи во интерес на граѓаните, пишуваат аматерски реакции на уште незавршено интервју, што само докажува дека се работи за несериозни луѓе кои ја окупирале власта.
СДСМ две години само ја зацрнува државата.
СДСМ е единствена политичка партија која прави поделби. Со неуставниот закон за двојазичност власта го укина единствениот кохезивен елемент во македонското општество - македонскиот јазик.
СДСМ и Зоран Заев се единствени кои направија поделби во Македонија, тие ги поделија граѓаните на богата елита која е претставена со картелот на власт и сиромашен народ, кој секојдневно го оптоваруваат со нови даноци.
СДСМ и Зоран Заев се единствени кои работат спротивно на националните интереси, во тек на две години колку што се на власт, немаат реализирано ниту еден проект, но затоа безброј пати ги погазија уставот и законите.
Граѓаните гледаат дека СДСМ се деструктивен елемент во македонската држава. СДСМ ја втурна државата во црнила од кои мора што побргу да излеземе. СДСМ мора да си замине. Потребни се итни и неодложни вонредни парламентарни избори. Црнилата ќе бидат победени. Зората ќе изгрее за Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа