Ученици од Струга се испотепале за време на манифестацијата „Стоп за насилството“
Вчера во дворот на средното училиште „Нико Нестор“ во Струга настанала тепачка помеѓу група ученици и тоа за време на одвивање на активности од проектот „Стоп за насилството“ .
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, за МИА, инцидентот настанал за време на „Стоп за насилството“ што го реализираат учениците во соработка со МВР, локалната самоуправа и ОБСЕ.
- Причина за тепачката помеѓу двете групи деца, сите од албанска националност од Струга и околните струшки села, најверојатно била нетрпеливост помеѓу двајца од нив. Полицијата интервенираше веднаш и ги раздели учениците, а на информативен разговор во полициската станица во Струга бил повикан еден од нив, кој се смета дека е организатор на тепачката, изјави Димоски за МИА.
Сите ученици кои учествувале во тепачката ќе бидат повикани на разговор во полициска станица заедносо своите родители.