Ксами: Албанските политички партии да излезат со заеднички кандидат и да го максимизираме албанскиот глас
Билал Касами од Беса вели дека тие уште од почеток побарале албанските политички партии да излезат со заеднички кандидат кој би ги максимизирал албанските гласови на овие претседателски избори.
-Ние како Движење БЕСА сериозно ќе анализираме за да најдеме кандидат кој би бил прифатлив за сите политички сили, и сметаме ке најдеме кандидат позади кој би застанала албанската опозиција како и другиот опозициски дел од општеството кој е мнозинство во Македонија. Сеуште не сме донеле ваква одлука, и секако дека и партискиот кандидат на Движењето БЕСА е една можност за реално да ја процениме нашата позиција на политичката сцена после сите оние турбуленции кои му се случија на Движењето БЕСА. ДУИ како и секогаш,кога ќе му ги затворат сите врати за соработка македонските партии му текнува на албанските партии и во овој случај кога од СДСМ кажаа дека ќе излезат со свој кандидат и не остави ни најмала можност да се излезе со консензуален кандидат на партиите на власт, им текна дека треба да се разгледа можноста за соработка со албанските партии. Како и да е ние како Движење БЕСА сме подготвени за соработка со сите албански политички субјекти со единствена цел да го максимизираме албанскиот глас, вели Касами.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа