ВМРО- ДПМНЕ: Со СДСМ на власт економијата тоне, граѓаните осиромашуваат

 

Со СДСМ на власт економијата тоне, граѓаните осиромашуваат, а  единствено  растат долгот, корупцијата и даноците, велат од ВМРО- ДПМНЕ.

„Криминалниот картел ја смести државата  на дното на Европа и Светот според  индексот на корупција.  На листата на Транспаренси Интернешнл,  Македонија се најде на 93 место во  друштво на Гамбија, Косово, Монголија и Панама, податок кој говори дека власта предводена од аболицираниот Заев штити криминал и произведува корупција на највисоко ниво. Со СДСМ  на власт за прв пат во историјата на Република Македонија државниот долг ја надмина психолошката граница од над 5 милијарди евра,  додека пак државниот долг од над 4 милијарди евра.“ Се вели во нивниото соопштение.

Од патијата нагласуваат дека граѓаните  стануваат се посиромашни, а на сметка на тоа  вицепремиерите си ги зголемуваат своите плати. Пензиите се намалуваат, а пазарџиите кои едвај врзуваат крај со крај сега се товарат со нови трошоци  за да можат функционерите на СДСМ да си ги вработуваат своите роднини и фризерки.

“И додека власта ја лаже јавноста дека ќе обезбеди економски раст ММФ оцени дека растот на БДП во 2018 година ќе биде 2%, што е многу далеку од ветените 5% кои толку многу  ги најавуваа. Ги ветуваа Гугл и Фејсбук, а не се способни да донесат ниту една инвестиција. Во ситуација кога г губиме инвеститорите, мораат да се фалат со инвестициите кои владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги договори, а кои претходно секојдневно ги критикуваа.На граѓаните им е доста од црнилата и злоделата кои ги  нанесува СДСМ. Потребни се предвремени парламентарни избори заедно со претседателските за оваа криминална и ненародна власт да си замине, а Македонија и граѓаните да почнат да напредуваат.“ стои во партиското соопштение од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.01.2019 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега