Независната пратеничка група на ВМРО – ДПМНЕ апелира Судот да го испочитува Законот за амнестија
Во врска со настаните од 27-ми Април, за кои во моментов се води судски процес, а кој беше дел од процесот за помирување преточен во Закон за Амнестија, пратеничка група на ВМРО- ДПМНЕ апелира Судот да го испочитува Законот за амнестија
„Со жалење констатираме дека, денес Јавното Обвинителство во текот на завршното обраќање не ги испочитува одредбите од член 1 од Законот за Амнестија, каде многу прецизно е дефинирано за какви дела треба да продолжи судскиот процес. Од таа причина сакаме да истакнеме дека почитувањето и спроведувањето на законот е императив за владеење на правото.
Затоа апелираме до Судот доследно да ги испочитува одредбите од Законот за Амнестија, со оглед на доказите кои беа изведени во текот на судскиот процес.“ се вели во нивното соопштение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа