СДСМ: Се формира ново јавно претпријатие, стационарот „Вардариште“ станува минато

 

Градската администрација предводена од СДСМ става крај на нехуманиот однос кон уличните животни. Донесена е одлука за формирање ново јавно претпријатие кое ќе биде задолжено за третман и благосостојба на уличните животни соопштуаат од СДСМ.

Велат дека стационарот „Вардариште“ станува минато.

„Новото јавно претпријатие под своја надлежност во целост ќе ги преземе активностите за заловување на животните скитници и нивна стерилизација, ветеринарната грижа, регистрирањето и процедурите за вдомување од заинтересираните граѓани.

Во меѓувреме, во тек е процесот на чипирање на животните , со цел ставање под контрола на механичкиот прилив на кучиња на улиците, предизвикан од неодговорни сопственици и започнува процесот за воведување нов системски пристап во третманот на животните скитници.

Во овој процес ќе бидат вклучени повеќе институции на локално и на национално ниво како и граѓанските иницијативи и здруженија, со цел унапредување на правата на животните и начинот на нивното вклучување во целиот концепт .

Со формирањето на новото јавно претпријатие, Град Скопје формира целосно нов концепт и пристап кон решавањто на проблемот со уличните животни, што претставува голем исчекор напред и обезбедува похуман третман и грижа на уличните животни.“ стои во соопштението на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2019 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега