Четири кандидати за Претседател од ВМРО-ДПМНЕ - меѓу нив и една жена
Вкупно 4 кандидатури за Претседател се наоѓаат во архивата на ВМРО-ДПМНЕ, дознава Press24 од партиски извори.
Според информациите кои се уште немаат официјална потврда, во игра за внатрепартиските избори за кандидат за шеф на државата се пратеникот Влатко Ѓорчев, универзитетската професорка Гордана Силјановска, поранешниот пратеник Филип Петровски и уште едно лице кое немало некои посериозни политички активности и кое не и е познато на јавноста.
Партиската конвенција е закажана за 16 февруари, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека имињата на кандидатите ќе ги објават на 5 февруари до коа очекуваат да заврши целата процедура околу верификација на пристигнатите кандидатури.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа