Кили тешко диши - утрово повторно префрлен во болница

 

Актерот Кирил Поп Христов денеска повторно е префрлен на Клиниката за трауматологија каде му се вршат испитувања на туморот на рамото и грбот, јаува Алфа.

Извори од болницата за телевизијата потврдуваат дека цело утро на Кили му се вршат испитувања со полициска придружба, а лекарите анализираат, дали неговото здравје дозовлува тој да остане во Истражниот затвор во Шутка или пак ќе мора да биде хоспитализиран.

 

Алфа пишува дека на анктерот му е неколкукратно зголемен туморот и дека му ги притиска ребрата и му го отежнува дишењето.

Кили пред 3 недели беше уапсен откако во викендичката во Визбегово беа откриени саксии со марихуана и опрема за нејзино одгледување.

Неговиот адвокат побара замена на мерката притвор поради лошата здравствена состојба.

27.09.2013 - 12:08

најчитано сега