СДСМ: Полицијата работи професионално, стапката на криминал се намалува

 

Залудни се лагите на ВМРО-ДПМНЕ, полицијата работи професионално, стапката на криминал се намалува, граѓаните се чувствуваат безбедно, велат преку соопштение од СДСМ.

„Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лаги во обид да создаде неоснована паника меѓу граѓаните.Коалицирањето со криминалот, партизацијата на полицијата, неказнивоста и селективност беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши со нивното заминување во опозиција.По започнатиот процес на реформи полицијата се професионализира и работи независно, одговорно и неселективно во заштита на законите.

Стапката на криминал се намалува, неселективно се постапува по секое прекршување на законите. Таков е и последниот случај за кој денеска лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ, каде што виновниците се лоцирани и против седум лица се поднесени соодветни пријави.

Залудни се лагите на ВМРО-ДПМНЕ Министерството за внатрешни работи постапува професионално, ефикасно и независно, а тоа го потврдува и анкетата на  ОБСЕ според кое  75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедни.“ стои во соопштението на ДССМ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.02.2019 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега