Меморандум за соработка меѓу албанската Врховна ревизорска институција и македонскиот Државниот завод за ревизија
Од денеска четиричлена делегација на Врховната ревизорска институција на Република Албанија предводена од нејзиниот претседател, Бујар Лескај, престојува во дводневна посета на Државниот завод за ревизија на Македонија.
Членовите на делегацијата ќе бидат примени од Главниот државен ревизор Тања Таневска која ја предводи делегацијата на Државниот завод за ревизија.
Тема на разговор ќе бидат повеќе актуелни теми од областа на државната ревизија.
За време на посетата меѓу делегациите ќе биде потпишан и Меморандум за соработка.
27.09.2013 - 12:20
Фото:
Телма