Пронајден авионот на Емилијано Сала: Остатоците од леталото лежеле на дното на Ламанш

 

Исчезнатиот мал приватен авион во кој фудбалерот Емилијано Сала леташе од Нант кон Кардиф  е пронајден на дното на Ламанш, пренесуваат светските медиуми.

Оваа вест на Твитер ја објави Дејвид Мернс која ја предводеше приватната потрага по исчезнатиот авион.

-Остатоците од авионот во кој леташе Сала со кој пилотираше Дејвид Иботсон се лоцирани , напишал  Мернс.

Тој воедно пренесе дека полицијата веќе ги информирала и семејствата на Сала и Иботсон, информира АП.

Инаку авионот со фудбалерот Сала исчезна над Ламанш на 212 јануари за време на летот од Франција кон Велс.

Откако спасувачката операција по исчезнатиот авион  беше завршена по само три дена без никаков ефект, семејството на фудбалерот Сала собра средства за приватна  потрага.

Оваа приватна потрага по десетина дена трагање  ги пронајде остатоците од исчезнатиот авион .

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2019 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега