Замина „летечкиот Финец“: Почина Мати Никенен

 

Вчера во својата 56-та година почина еден од најголемите ски скокачи на сите времиња, легендарниот Финец, Мати Никенен.

Во својата кариера освои се што можеше да се освои и стана икона и симбол на овој спорт во осумдесеттите години. Има четири олимписки злата и едно сребро, а пет пати се искачил на тронот на Светските првенства.

На Олимписките Игри во Сараево (1984) и Калгари (1988) немаше вистинска конкуренција и лесно стигна до златните медали. Во канадскиот центар победи во двете поединечни дисциплини, а потоа и во екипното натпреварување.

Со пет олимписки медали од кои четири златни и девет медали од Светските првенства (пет златни) стана вистински мит на овој спорт.

Откако стави крај на кариерата имаше проблематичен живот поради проблем со алкохолот, а во 2004 година беше осуден на 13 месечна затворска казна поради тоа што избодел пријател во бар во Финска.

Помалку од пет дена откако беше пуштен од затвор, Никенен повторно се врати зад решетки поради напад врз својата девојка, Мери Тапола.

Финецот повторно беше уапсен во декември 2009 година затоа што под дејство на алкохол фрлал со ножеви по Тапола, а се обидел и да ја задуши со божиќни украси. Тогаш судот во Финска му одреди затвор со траење од 16 месеци.

Поради ваквите ситуации Никенен набрзо банкротираше, па мораше да ги продаде сите освоени медали и трофеи за да преживее. Потоа се проба и како поп пејач, но не успеа во таа намера.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2019 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега