Стојаноска: СДСМ со секоја постапка работи на штета на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поправи сите грешки
Она што е соопштено како официјален став од партијата е дека ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт прво што ќе направи ќе го врати рамниот данок и дека ќе ги намален зголемените акцизи за нафта и нафтени деривати. Што во превод значи дека ВМРО-ДПМНЕ реално на граѓаните на Република Македонија ќе им го подобри животот, вели Дафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа.
Стојаноска додаде дека објавување на законот за употреба на јазикот односно каде што албанскиот јазик се официјализира за службен јазик на цела територија на Република Македонија, без потпис од страна на претседателот на државата е грубо кршење на законите, процедурите и Уставот на Република Македонија.
Ние години на назад имаме двојазичност и тоа не е спорно. Зошто? Затоа што мнозинството жители се Албанци. Но, господинот Али Ахмети го слушавме во изјава каде што кажа дека каде што ќе стапне Албанец во оваа држава мора да биде опслужен на јазикот кој што го зборува. Тоа е силување на правната држава, додаде таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа