СДСМ: Поптишани договори за изградба на 11 нови градинки, се отвораат најмалку 100 работни места

 

Со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, годинава ќе се градат 11 нови градинки во различни делови од Македонија, со што ќе се намали недостигот на згрижувачки капацитети за децата. Потпишани се договори за изградба на градинки во општините Ѓорче Петров, Куманово, Кавадарци, Брвеница, Босилово, Врапчиште, Шуто Оризари, Демир Капија, Штип, додека во општина Гази Баба ќе се градат две градинки, соопшти СДСМ.

„Со тоа, капацитетот за згрижување на деца се проширува за вкупно 860 деца, а ќе се отворат и најмалку 100 нови вработувања. За оваа намена обезбедени се над 85 милиони денари од буџетот на Министерството за труд и социјална политика. За година и половина владата предводена од СДСМ заедно со министерството за труд и социјална политика го реализираа планот за изградба на 24 градинки, од кои поголемиот дел се веќе ставени во функција. Истовремено обезбедени се над 1.000 вработувања на кадар во градинките од кои поголемиот дел е на неопределено време“, велат од партијата.

Освен зголемување на капацитите и зајакнување на кадарот, додаваат од СДСМ, покачени се и платите во детската заштита. Сите 4.300 вработени, со септемвриската плата во 2018 година, добија покачување од 5 отсто, а за оваа година предвидено е ново покачување на платите од 5 отсто.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2019 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега