Мицкоски на средба со Вебер: Македонија е на дното на Европа со корупцијата

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средба со шефот на пратеничката група на Европската народна партија во Европскиот парламент и кандидат на ЕНП за претседател на Европската комисија, Манфред Вебер.

- Разговаравме за европската агенда на регионот, го запознав со актуелните случувања во Македонија. Изразив загриженост за растечката корупција. Буквално Македонија е на дното на рангирањата во Европа по борбата против корупцијата. Државата е заштитник на корупцијата која се продуцира од редовите на власта, напиша по средбата Мицкоски.

Потребна е искрена посветеност за почитување на правната држава, владеење на правото и спроведување на законите. Мора да се врати сигурноста и власта да обезбеди борба против криминалот, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2019 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега