СДСМ: Мицкоски не успеа и нема да успее да ја закочи иднината во НАТО и ЕУ

 

Додека Македонија го добива своето столче во НАТО антизападниот Христијан Мицкоски продолжува со деструкција и манипулации, се вели во соопштение од СДСМ.

„Очаен е антизападниот Мицкоски. Не успеа и нема да успее да ја закочи иднината во НАТО и ЕУ.

Мицкоски лаже и дома и во Брисел но нема да го намали успехот на Македонија.

Македонија утре седнува на своето столче во НАТО, тоа е успех за граѓаните и државата и силен пораз за Мицкоски и неговата антизападна агенда.

Мицкоски нека не бара алиби за поразот што го чека, изборите ќе бидат фер, слободни и демократски како што доликува на демократска држава идна членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ.

Наместо да шири лаги Мицкоски нека се спрема за пораз на претседателските избори, нека се спрема за пораз на какви било избори.“велат од партијата на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2019 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега