Амети- Тимоние: Постигнат успех во односите со соседите, јазичната рамноправност и интеграцијата во НАТО и ЕУ
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција г. Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со францускиот амбасадор во Македонија, г. Кристијан Тимониер.
Соговорниците дискутираа за последните случувања во Македонија и регионот констатирајќи ги последните достигнувања во насока на спроведување на Преспанскиот Договор, евроатлантската интеграција, како и за потребните чекори кои што треба да се превземат во следните месеци.
Г. Ахмети зборуваше за постигнатиот успех во односите со соседите, јазичната рамноправност и интеграцијата во НАТО и Европската Унија, запознавајќи го со ставовите на ДУИ во однос на престојните претседателски избори истакнувајќи ги едногласно усвоените партиски ставови од последниот состанок на раководството.
Лидерот Ахмети истакна дека ДУИ го започна процесот на структурното и програмското градење на партијата за следните две децении.
Во однос на дијалогот помеѓу Косово и Србија, г. Ахмети истакна полна доверба во однос на легитимните институции на Косово, вклучувајќи го Претседателот, Премиерот и претседателите на политичките партии во овој процес. Страните во овој спор треба да изнајдат компромис за доброто на двете земји, но и целиот регион.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа