Ахмети се сретна со британската амбасадорка во Македонија

 

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети оствари работна средба со амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Рејчел Галовеј, сооптија од партијата на ДУИ.

Како што соопштуваат од партијата, Ахмети и амбасадорката Галовеј размениле мислења за политичката ситуација во Македонија, но и во регионот, градењето на ДУИ за следните две децении, како и за претседателските избори.

Ахмети изразил благодарност до Велика Британија за подршката во сите прогресивни процеси во земјата во насока на затворање на споровите со соседите, евроатлантската интеграција и реформите во земјата.

Ахмети ја покани и британската фондација Westminster да се вклучи во напорите да се изгради ДУИ за двете следни децении во структурен и програмски аспект.

Во соопштението се наведува дека во врска со претседателските избори,  Ахмети зборувал околу концептот на еден прифатлив кандидат за носителите на политичкиот легитимитет делегиран од граѓаните и во согласност со нивните очекувања.

Во врска со дијалогот помеѓу Косово и Србија, Ахмети ја повторил потребата од заокружување на демаркацијата и меѓусебното признавање на двете земји при што придобивка ќе има целиот регион

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2019 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега