ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ против волјата на народот дозволи национална катастрофа

 

Македонската нација не е производ на антагонизам, ниту на комунистите. Македонската нација е производ на македонскиот народ, кој живее на овие простори со векови. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува навредите искажани од професорот Сафетас кој е дел од грчката комисија која благодарение на аболицираниот Зоран Заев ќе ја прекројува македонската историја и учебниците, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Македонија нема територијални претензии кон Грција, ниту некогаш ги имала. СДСМ и Зоран Заев треба веднаш да реагираат и да ги осудат ваквите ставови кои доаѓаат од грчката академска фела, а се креатори на јавното мислење во Грција. Доколку владата навистина се залага за добрососедски односи и взаемно почитување, треба да се избори и за почит на Република Македонија и нејзината историја, традиција, култура и археологија. Срамно и недозволиво е што СДСМ со нивната антидржавно делување  ја донесе државата до дереџе да биде негирана и понижувана, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека СДСМ противправно и против волјата на народот го смени името на државата и дозволи национална катастрофа.

-Последиците кои СДСМ ги предизвика врз државата се огромни. СДСМ мора да си замине. Понижувањата не смеат да продолжат. Потребни се итни и неодложни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори. Народот ќе му каже НЕ на СДСМ, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.02.2019 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега