Од утре вакцинирајте ги своите миленичиња против беснило за 250 денари

 

Од Агенцијата за храна и ветеринарство соопштуваат дека од утре па се до 5 октомври годинава, граѓаните ќе можат да ги вакцинираат своите миленичиња, кучиња и мачки против беснило.

Акцијата е дел од есенската кампања  за борба против беснило и Светскиот ден за борба против беснило - 28 Септември. 

Списокот на ветеринарни станици вклучени во кампањата е достапен на интернет страницата на Агенцијата за храна и ветеринарство www.ahv.gov.mk

Инаку, вакцината ќе чини 250 денари.

27.09.2013 - 15:19
Фото: 
Дементра.мк

најчитано сега