ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ се плаши од соочување со граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение до јавноста.
Одложувањето и пролонгирањето на роковите за донесување на одлука за предвремени парламентарни избори од петок во недела од страна на СДСМ е уште еден доказ дека партијата се плаши од соочување со граѓаните.
Власта знае дека граѓаните не ги подржуваат нивните антидржавни политики кои ја клекнаа земјата на колена и придонесоа за разорување на економијата и затоа се крие и одолговлекува.
Економијата, образованието, здравството, земјоделието, системот на социјална заштита и безбедноста се на колена. Со СДСМ на власт не е можен напредок на ниту едно поле и токму затоа СДСМ мора да си замине. Не постои ниту една причина за неодржување на предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека и покрај постоењето на техничка влада ќе ги поддржи сите реформски закони и нема да дозволи застој на реформите потребни за напредок на државата кон ЕУ.
Државата нема и несмее да трпи. Доколку СДСМ остане на власт државата ќе продолжи да тоне, даноците ќе се покачуваат како сега, пензиите ќе се намалуваат, а граѓаните во целост ќе бидат се посиромашни.
СДСМ нема капацитет да ја води државата. Две години Република Македонија само тапка во место. Затоа е неопходно распишување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. СДСМ мора да си замине. Државата мора да тргне напред.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа