СДСМ: Преку одговорно и домаќинско управување со финансиите јавниот долг стабилизиран
Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ очајно шири лажни вести додека се случува историскиот успех со потпишувањето на Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, велат преку соопштение од СДСМ.
Оттаму наведуваат дека токму ВМРО-ДПМНЕ за 11 години тројно го зголеми јавниот долг заради остварување на криминални интереси за лично богатење на поединци.
„За разлика од таквиот однос, Владата предводена од СДСМ преку одговорно и домаќинско управување со финансиите успеа да го стабилизира јавниот долг, а парите да ги пренасочи кон граѓаните и нивните потреби.
Фреквенцијата на аукции е намалена двојно, од четири пати месечно на два пати во еден месец , значително се намалени каматните стапки на аукциите, а јавниот долг изнесува 47,8 отсто од БДП, а не над 50 како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.
Се повеќе пари завршуваат кај граѓаните а граѓаните точно знаат за што се трошат нивните пари.
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните економски политики на Владата.
Бројни економски показатели докажуваат дека економијата е стабилизирана и поставена на здрави основи.
Растат платите, невработеноста опаѓа, расте извозот и индустриското производство, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните и стопанството.
Наместо во очај да шират лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека учат како се работи одговорно со јавните финансии и во корист на граѓаните“ стои во соопштението од владејачката СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа