Тони Блер гостин на Сахара балканскиот мировен фестивал во Скопје

 

Поранешниот британски премиер Тони Блер доаѓа во посета на Скопје. Според информациите до кои дојде Канал 5, се очекува Тони Блер да дојде како гостин на мировната манифестација "Сахара Пис Фестивал" која ќе се одржи на први и втори октомври во Скопје.

Инаку, Блер беше премиер на Велика Британија од 1997-ма до 2007-ма година. Тој беше еден од поборниците за интервенцијата на Косово и силен поддржувач на инвазијата во Ирак. Досега нема дојдено во Македонија, па ова ќе му биде прва посета на републикава.

Инаку, мировниот фестивал ќе биде отворен со штафетата на мирот која што ќе ја носат македонски јавни личности, а официјалното ќе почне со полноќниот настан на Камен мост, кога симболот на обединување и премостување како и центарот на Скопје ќе бидат обоени во сино.

 

27.09.2013 - 15:30
Фото: 
економски.мк

најчитано сега