Кедикоглу: Ако Златна Зора го напушти парламентот превремени избори нема да има!
Доколку пратениците на Златна зора го напупштат парламентот нема да има предвремени избори, соопшти портпаролот на грчката Влада Симос Кедикоглу.
Синоќа лидерот на Златна зора Николаос Михалолиакос предупреди дека „сите опции се отворени“ откако полицијата почна голема истрага против партијата по убиството на раперот-антифашист Павлос Фисас од наводен член на формацијата.
И покрај шпекулациите дека во случај ако сите пратеници од Златна зора го напуштат парламентот, премиерот Самарас ќе биде принуден да свика предвремени парламентарни избори, тоа нема да се случи. Според, Кедикоглу ќе бидат спроведени само делумни избори.
- Демократијата не може да биде изнудувана. Судството треба да го заврши тоа што го почна. Ако треба да има делумни избори тие ќе бидат во реони каде треба да се сменат парламентарците, изјави тој за грчки медиуми.
Во грчкиот парламент има 300 народни избраници, од кои само 18 пратеници се дел од Златна зора.