Груби: За ДУИ најдобро решение е консензуален кандидат, деновиве средба Заев-Ахмети
Наредниве денови ќе има нова средба меѓу Зоран Заев и Али Ахмети на која ќе се договора консензуалниот кандидат за претседател. Средба имало и минатата недела, но за конкретни имиња не се разговарало, рече пратеникот Артан Груби, пренесува НОВА ТВ.
-Тоа е најдобро решение за граѓаните на Македонија да имаме еден кандидат кој ќе биде прифатен од сите граѓани, без разлика на етничката и верската припадност, рече Груби.
Груби кажа дека односите во владеачката коалиција не биле нрушени во ниту еден момент.
-Посебно односите Заев – Ахмети се одлични, секојдневно се води дијалог и во ниту еден момент односите не беа нарушени,заеднички донесовме многу одлуки и тоа е одлика на дијалогот меѓу Заев и Ахмети, кажа Груби.
По обелоденувањето на скандалот во Пензискиот фонд, членови на ДУИ упатија критики кон министерката за труд и социјална политика Мила Царовска дека неосновано ги обвинила ДУИ за злоупотреба на државните фондови. По ваквите реакции, Централното претседателство на ДУИ одржа и седница на која донесе одлука да настапат и со свој кандидат за претседател на изборите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа