Геј парада во Белград нема да има
Парадата на гордоста утре нема да се одржи во Белград, одлучи Бирото за координација на службите за безбедност кое денеска заседаваше повеќе од три часа, јави Танјуг.
Таквата одлука е донесена врз основа на безбедносна проценка.
Српскиот премиер Ивица Дачиќ во изјава за РТС потенцира дека таквата одлука е донесена пред се од безбедносни причини и додаде дека се забранети сите собири закажани за утре.
Според него, не се доведува во прашање политичкото определување на државата да се почитуваат правата на сите граѓани, но дека е поважно од тоа нивната безбедност, заради што и бирото одлучило да не биде одржана парадата.
27.09.2013 - 23:26