Хронично сте уморни - задолжително направете си го овој напиток
За да не ни се задржуваат токсините во крвта треба повремено да правиме чистење. Со задржувањето на токсини во крвта стануваме хронично уморни, и страдаме од надуеност а притоа имаме проблеми со циркулацијата.
Овие тешкотии може да се отстранат со помош на едноставна подготовка од вашата кујна. Се што ви треба е лук, домашен и вино, црно. Овој лековит напиток ја чисти крвта, го отстранува вишокот на маснотии и сол од организмот и го забрзува метаболизмот.
Состојки:
-12 чешчиња лук
-Пола литар црно вино (по можност домашно)
Подготовка:
Исчистете ги чешчињата лук, исечете на четвртинки и ставете ги во тегла. Додајте им пола литар црно вино и садот добро затворете го.
Чувајте го на сончево/светло место околу две недели. Секој ден по неколку пати протресувајте ја теглата, за да се измешаат состојките.
После две недели, процедете ја содржината на теглата и ставете ја во стаклен сад.
Земајте по 1 супена лажица три пати дневно, во период од месец дена.
Предупредување:
Ова е силен пијалок за чистење и јакнење на крвта па применувајте го со пауза од 6 месеци помеѓу два третмана.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа