Силјановска побара оставки за трагедијата кај Ласкарци – СДСМ ја обвини дека ја злоупотребува несреќата

 

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска преку социјалните мрежи одговори на како што вели „навредите и етикетите кон кои се придружи и  премиерот Заев“


„На навредите и етикетите кон мене им се придружи и премиерот.

И морам да кажам дека се согласувам со него дека сум надвор од неговиот концепт за животот.

Јас сум надвор од неговиот концепт на живот во кој работа има само за децата на неговите министри и владини функционери.

Надвор сум од неговиот концепт за живот во кој тендери има само за неговите соработници, пријатели, роднини и партиски другари.

Не сакам да бидам дел од концептот во кој живеењето значи од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да исчезнат 19 милиони и никој да не одговара.

Да, јас сум надвор од моралните норми во кои во сообраќајка загинаа 15 луѓе а никој не презема политичка одговорност за трагедијата.“ – напиша Силјановска.

СДСМ ја обвини дека злоупотребувала несреќи во политички цели

„ Очајно и крајно неодговорно Гордана Силјановска се обиде да ја злоупотреби трагичната сообраќајна несреќа, во која животите ги загубија 15 наши сограѓани а голем број се повредени.
Додека се уште се свежи страотните сцени од несреќата кај Ласкарци, додека наши сограѓани се уште закрепнуваат од повредите, додека семејствата се во тага и болка.
Тоа не е однесување на претседател на држава.
Претседател не користи несреќи и човечки трагедии со намера политички да профитира. Претседател не обвинува напразно и неосновано само за да следи партиска наредба на својот вистински шеф.
“  изјави партискиот портапрол Костадин Костадинов.

До овој момент, ниту едно одговорно лице не презема барем морална одговорност и да ја понуди својата оставка, што е редовен пример во другите земји.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2019 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега