СДСМ: Се потврдува дека Мицкоски зборува преку Силјановска

 

Очајното раководство на ВМРО-ДПМНЕ во недостаток на политички концепт, на идеја и програма продолжува да злоупотребува собраќајни несреќи и човечки трагедии во партиски цели, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Орце Ѓоргиевски.

„Се потврди дека Мицкоски зборува преку Силјановска. Се потврди дека таа ги следи политиките на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај тоа што лагите на антинародното ВМРО-ДПМНЕ се официјално демантирани, опозициската партија не престанува да се обидува  профитира на низок и крајно неморален начин.

Наместо да се обидува да користи несреќи и човечки трагедии за дневнополитички цели ВМРО-ДПМНЕ да ги остави надлежните институции да го расчистат случајот до крај, 

 

Веќе е започната истрага од Основното јавно обвинителство, а според јавно објавените информации, веќе се обезбедени докази и се сослушуваат сведоци за целосно да се расветли несреќата кај Ласкарци“ стои во реакцијата на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2019 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега