Зекири бесен на социјалните мрежи: Талат го спаси Трајко - ќе ве видам на следните избори
Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири на социјалните мрежи ги обвини ДУИ за соработка со ВМРО-ДПМНЕ.
„Талат Џафери и ДУИ треба да објаснат на јавноста зошто го спасија нивниот побратим Трајко Вељановски?!!!...
Го СПАСИЈА за да ги “СПАСИ” некогаш ВМРО нив или ...???...
Народот вели: “ Во секое ЗЛО за добро” ... Јавноста уште еднаш го виде вистинското лице на оваа политичка партија.
И пророкот Мухамед во една негова изрека има кажано: “Ако не се срамиш, прави што сакаш”.
П.С
ДУИ 2014 = 153.000
ДУИ 2016 = 86.000
ДУИ 2019 = ...“ – напиша Зекири на социјалните мрежи.
Дали оваа изјава на Зекири најавува дека ДУИ и СДСМ нема да одат заедно на претседателските избори од партијата не се откриваат детали.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа