Цимет и мед: За ваква магична комбинација и докторите немаат објаснување

 

Вкусната комбинација на мед и цимет, со векови наназад се смета за навистина лековита и благотворна. Всушност, античките народи верувале дека е еликсир на здравјето и младоста. За овој магичен микс и научно е докажано дека има регенеративно дејство на целиот организам, воедно зајакнувајќи ја неговата отпорност кон разни болести.


Медот, не залудно наречен „храна на боговите“, како и циметот, којшто е еден од најегзотичните зачини во светот, се секако многу корисни и кога се комбинираат самостојно со други состојки, но сепак најсилното лековито дејство го имаат кога се користат заедно. Подолу следат дел од начините на кои може да се користат медот и циметот и разните болести за кои се смета дека можат да бидат многу полесно излечени со помош на оваа фантастична комбинација.

Задржување и поттикнување на виталноста на организмот

Сите сакаат да ја пронајдат онаа магична напивка која ќе ги одржува млади, но ретко кој од нас претпоставил дека ни е на дофат на рацете. Чајот од мед и цимет има силни регенеративни својства кои го одржуваат организмот витален. За оваа напивка потребни ви се 4 лажици мед, 1 лажица цимет и 3 шолји вода кои треба да се зовријат заедно. Најдобро е прво да ги зовриете водата и циметот, а кога ќе се излади течноста да го додадете медот за да не ги изгуби своите хранливи својства. Оваа течност треба да ја испиете во текот на денот и секако дека е потребно редовно пиење за да ги почувствувате резултатите.

Зајакнување на имунитетот

Веќе познато е дека медот нè штити од бактерии и вируси, но заедно со циметот, дејството е уште посилно. Во самиот мед докажано е дека има значајна содржина на витамини и железо, па така, константната употреба помага во создавањето бели крвни зрнца и со тоа во борбата против вирусите и бактериите.

 

Регулирање на проблемите со варењето

Доколку се соочувате со вакви проблеми, потребно е пред оброкот да земете две лажици мед со цимет. На тој начин му помагате на организмот при варењето и на најтешките оброци.

Срцеви проблеми

Потребно е да измешате мед и цимет во еднакви делови, а крајниот резултат треба да биде во облик на паста. Оваа мешавина можете да ја користите наместо мармалад, којшто и онака содржи премногу шеќери и не е добар за вашето здравје, и редовно да ја внесувате во организмот. На тој начин се намалува холестеролот и телото е далеку позаштитено од инфаркти и разни други срцеви болести.

Намалување на холестеролот

Овој рецепт е добро познат дека помага во борбата против лошиот холестерол. Потребни ви се 4 децилитри чај во којшто, откако ќе се излади, ќе ставите 3 мали лажички цимет и 2 супени лажици мед и добро ќе измешате. Вака подготвената течност се пие три пати на ден. Резултатите се неверојатни.

Рак на желудник и коски

За луѓето кои се борат со рак на желудник и коски, постои комбинација која им помага полесно да ја добијат битката со болеста. Потребно е да се зема 1 супена лажица мед со 1 мала лажица цимет три пати на ден во текот на еден месец.

Воспаление на зглобовите (артиритис)

За ова воспаление постојат два начини на кои можат да се користат медот и цимет. Прво, за директно третирање на болните места, треба да се измеша 1 супена лажица мед, со 2 супени лажици млака вода, на што ќе се додаде 1 малечка лажица цимет. Се прави паста која што се нанесува на болните места. Како напивка против артритисот се користи комбинацијата од 1 шолја жешка вода, со 2 супени лажици мед и една малечка цимет. Се пие два пати на ден, наутро и навечер пред спиење. Бидете упорни, затоа што не еднаш е докажано дека ваквата напивка навистина им помага на пациентите болни од артритис.

Против опаѓање на косата

Долго време се борите со опаѓањето на косата, но ниту еден шампон или третман не ви помогна? Можеби треба да се свртите кон природните начини на разубавување. Во врело маслиново масло се додава 1 супена лажица мед и 1 малечка лажица цимет. Количината на маслото варира на тој начин што крајниот резултат треба да биде густа паста. Оваа комбинација нанесете ја на коренот на косата со масирање и оставете ја да делува 15 минути. Користете ја редовно и воодушевувајте се на вашата цврста и здрава коса.

Против акни и мозолчиња

Се мешаат 3 супени лажици мед и 1 лажичка цимет за да се добие паста која се нанесува на акните и мозолчињата секоја вечер пред спиење. Резултатите се видливи по само две недели редовно користење.

Намалување на килограмите

Доста познато е дека оваа магична комбинација помага и при слабеење, на тој начин што не дозволува мастите да се таложат врз организмот додека истовремено го чисти од токсини. Потребно е да сварите 1 шолја вода со пола лажичка цимет. Кога течноста ќе се излади, отприлика после половина час, додадете 1 супена лажица мед. Половина од течноста се пие пред спиење, а остатокот наутро, половина час пред појадокот.

Извор: Кафе Пауза

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2019 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега